Партнерство на Амбасадата на Франција со граѓанското општество
Амбасадата на Франција во Скопје ги поддржува активностите на македонското граѓанско општество.
По вториот повик за годинава, Амбасадата финансиски ќе поддржи два нови проекти коишто ќе ги предложат локалните здруженија.
Проектите ќе треба да се изведуваат на територијата на Скопје, Кратово, Битола, Куманово, Кавадарци и Тетово, а темите да се однесуваат на младите, туризмот во знак на сеќавање, заштита на животната средина и социјална инклузија.
За повеќе информации, следете ја веб страната на Францускиот институт во Скопје.