следете ги нашите активности на mail

site map

Култура

Културни мостови 2018

Април 2018

За Францускиот институт во Скопје, 2018 година ќе биде во знакот на одбележувањето на 25-тата годишнина од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу Франција и Македонија.
По тој повод, во текот на годината ви предлагаме бројни активности, средби, претстави, концерти и дебати со уметници и интелектуалци од Франција и од Македонија, а сите тие во себе, како заедничка нишка, ќе ја носат иновативноста, креативноста, меѓукултурниот дијалог и уметноста.
Ви посакуваме добредојде на нашите културни мостови во 2018!

Недела на француски филм во Штип
Петок 30 март 2018, 19 часот
Отворање 30 март 2018, 19 часот | Мултимедијален простор на Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип

Отворање на Неделата на француски филм во Штип
„Семејството Белие“

на Бертран Таверние (2013), со Тјери Лермит, Рафаел Персоназ и Нилс Арестрип

Танц
Среда 4 април 2018, 20 часот | Македонски народен театар

Отворање на Скопје танц фест
Доделување на почесна награда на познатиот француски кореограф Дидие Дешан
Дидие Дешан е француски танчер, кореограф и педагог, роден во Лион, во 1945 година. Тој се школувал во Лион, кај Мишел Але, а потоа во Париз во Интернационалниот центар за танц. Студирал во Њујорк, во студиото на Мерс Канингам. Во почетокот, Дидие Дешан настапува како дел од домашни и меѓународни теанчерски групи, но и како дел од групата на Режин Шопино.
Од 1999 година наваму, тој работел како инспектор по танц, а потоа и како главен инспектор, именуван од страна на Жак Ланг. Од 1-ви јули 2000 година наваму, работи како директор на Националниот цетар за кореографија - Балетот на регионот Лорен, место кое го наследи од Пјер Какот, којшто беше на чело на овој центар од 1999 година.
Од јули 2011 година наваму, тој работи како Директор на националниот кореографски центар во Шајо.

Филм
Сабота 14 април 2018, 18:30 часот  | Кинотека на Македонија

Проекција на филмот
„Натрапник“ (2004) на Клер Дени, со Мишел Ситор, Бамбу и Беатрис Дал
Во рамките на Филозофскиот филмски фестивал организиран од Здружението на филозофи на РМ
Пред операцијата за срцева трансплантација, еден млад човек одлучува да ја напушти планината, кадешто живее осаменички живот, и да замине на островите во потрага по изгубениот рај и изгубеното минато.

Уметност
Среда 18 април 2018, 20 часот | 
Музеј на современата уметност во Скопје
Отворање на изложбата „Миграции“ со учество на дела на уметникот Анри Сала 
Анри Сала е роден во Тирана, Албанија. Откако ги завршува студиите на Националната уметничка академија (1992-1996), уметникот заминува во Франција, каде се запишува на Високата национална Школа за декоративни Уметности во Париз (1996-1998), и студиото Le Fresnoy, во Туркоен (1998-2000). Активен е на меѓународен план веќе петнаесетина години, а делата му беа изложени на многубројни биеналиња, како во оние во Берлин (2001, 2006), Москва (2007), Сан Паоло (2002, 2010), Сиднеј (2006) и Венеција (1999, 2001, 2003). Има реализирано бројни индивидуални изложби: Кунстале Виен (2003), во Музејот на модерната уметност на Париз (2004), во Музејот на современата уметност во Мајами и во Музејот на современата уметност во Синсинати (2008-2009).
Неговите дела се дел од престижни колекции, како оние во Интитутот за уметност во Чикаго, во Минхен, во Музејот за современа уметност во Њујорк MoMA, во Центарот Жорж Помпиду во Париз и во MUSAC, во Леон.
Сала живее и работи во Берлин.

Филм
Четврток 19 април 2018, 20 часот | Кино „Милениум“

Отворање на Скопски филмски фестивал
„Се гледаме горе“ (2017) на Албер Дипонтел, со Најел Перез Бекајар, Албер Дипонтел, Лоран Лафит.
Секоја година Скопскиот филмски фестивал му отстапува значајно место на францускиот филм.
Освен наградениот филм со Цезар на Дипонтел „Се гледаме горе“, во фестивалската програма се впишуваат уште два француски актуелни филма: „Мектуб, љубов моја: прво опевање“ на Абделатиф Кешиш и „Тоа е животот“ на Оливје Накаш и Ерик Толедано.
Двајца француски режисери, Леа Мисиус и Кристоф Режен, ќе бидат гости на фестивалот и ќе ги претстават нивните филмови „Ава“ и “Површина за поправка“.
Сабота 21 април 2018, 19 часот  | Кино „Фросина“
„Ава“ (2017) на Леа Мизиус, со Ное Абита, Лор Калами, Жуан Кано.
Недела 22 април 2018, 19 часот  | Кино „Фросина“
„Површина за поправка“ (2018) на Кристоф Режен, со Франк Гастамбид, Алис Изаз, Иполит Жирардо.
Не пропуштајте го овој голем филмски празник!

Танц
Понеделник 23 април 2018, 20 часот | 
Македонски народен театар
Ексклузивно затворање на Скопје танц фест со настапот на славната француска хип-хоп група Покемон Кру
„Тишина, се снима“
Уметнички директор: Риад Фгани
Танчери : Гаел Бафинал, Хафид Соур, Ливио Бордо, Карл Асокан и Меди Медијан
Риад Фгани е самоук танчер и целосно посветен на хип-хоп танцот. Тој е основач на групата Покемон Кру во 2004 година со претставата „„Si..si “. Оттогаш, оваа танчерска група настапува ширум Франција.
Во перформансот „Тишина, се снима“, групата ги истражува филмот од 30-тите и 40-тите години и токму во музичките комедии од тоа време ја пронаоѓа енергијата и автентичноста на движењата на хип-хот танцот.
Перформансот е оригинален и дава преглед на нивниот роден град Лион, градот кој, во 19 век, бараќата Лумиер го откриваат филмот. Ова дело е инспирирано од црно-белиот филм и дополнето со танц во сите бои. 
Не пропуштајте!
Со поддршка на Охридска банка – Société Générale Group .

Филм
Понеделник 30 април 2018, 20 часот | Кинотека на Македонија

Омаш на Жан Рошфор
„Одморот на г-дин Бин“ (2007) на Стив Бендалак, со Роан Аткинсон, Вилијем Дефо, Ема де Кон и Жан Рошфор
Мистер Бин е награден со една недела одмор и со видео камера. Ја напушта родната Англија и заминува во Франција. Kога ќе пристигне во Париз, ќе побара од еден патник да го сними како се качува на воз за Кан. Човекот, всушност, е рускиот режисер Емил Дучевски, кој патува за Кан со цел да биде дел од жирито на Филмскиот Фестивал. Во конфузијата на поаѓањето, Дучевски го пропушта возот . Мистер Бин се наоѓа во возот со Степан, неговиот десет годишен син, кој не знае еден збор англиски. За Мистер Бин и Степан започнува патешествие кон југот на Франција, исполнето со изненадувања, средби и луди авантури. 

* * *

Часови по француски јазик за деца, основци, средношколци и возрасни, за сите нивоа и сите потреби!

ЛЕТНА СЕСИЈА
Уписи: од 2 до 13 април 2018

Часовите се одржуваат од 16 април до 15 јуни.

* * *

Потврдете го вашето познавање на францускиот јазик со меѓународно призната диплома ДЕЛФ/ДАЛФ!
Уписи за мајската испитна сесија за дипломите ДЕЛФ/ДАЛФ : од 10 до 20 април 2018.
Испитите ќе се одржат на:
A1 Junior / A1 Tout public - 14/05/2018
A2 Junior / A2 Tout public - 15/05/2018
B1 Junior / B1 Tout public - 16/05/2018
B2 Junior / B2 Tout public - 17/05/2018
C1 / C2 - 18/05/2018

* * *

Студирајте по особено ниски цени и добијте француска диплома!

* * *

Земете членска карта на медијатеката, станете привилегиран член на Францускиот институт во Скопје и искористете ги бројните поволности!