следете ги нашите активности на mail

site map

Култура

Прва награда за „Тргнете го селотејпот!“ на конкурсот „моето прво мини-видео“

 

Осмото издание на Фестивалот на француски филм во Македонија донесе бран свежина за младата генерација.

Триото во состав од младите актери Антоан Лоран, кој играше во „Борци“, филмот со кој се отвори Францускиот филмски фестивал, Род Парадо и Дијан Руксел, кои играа во филмот „Со кренато чело“, беа почесни гости на фестивалот, а нивното присуство внесе една поразлична динамика од почетокот до самиот крај на фестивалот.

Заинтересирани од натпреварот, актерите изразија желба да бидат дел од жирито.
Овој проект имаше за цел да допре до младината во Македонија, преку отворен конкурс за изработка на 3-минутно видео (или покусо) со мобилен телефон.

Слободата на говор беше привилегирана тема со која Францускиот институт во Скопје имаше за цел да ги им ги приближи на младите вредностите коишто ги промовираат францускиот јазик и француската култура.

Група од десетина учесници зедоа учество на работилницата „моето прво мини видео“, која беше одржана од страна на г-ѓа Аноук Ледерле (независен експерт), во соработка со Тамара Ресавска и Филип Нешкоски од асоцијацијата Метаморфозис. Работилницата се состоеше во подготовка за пишување сценарио за видео, технички детали, финеси и обработка на истотото (снимање и монтажа).

Четири видеа беа наградени на 19 јуни во Младинскиот културен центар!

Г-дин Александар Фоло, Директор за меѓународни односи на регионот Долна Нормандија, му ја додели првата награда на Костадин Лазаров за видеото „Тргнете го селотејпот!“. Ова 18-годишно момче ќе има можност да го развие својот талент во рамките на престојот во Долна Нормадија на фестивалот OFF-Courts во Трувил од 4 до 12 септември 2015 година.

Г-дин Стефан Туати, Комерцијален Директор на Охридиска банка - Сосиете Женерал, и ја додели втората награда (таблет) на Марија Дичова за видеото “Сакам да кажам ми се дише“.

Г-дин Лоран Копиц, директор на оркестарот Ф.А.М.Е’.С., ја им ја додели третата награда (аудио слушалки) на:

* Александар Арсовски за видеото „Кислородот на демократијата“

и на Наташа Раденковиќ - Кети за видеото „Непрекинливост на кругот“

Токму натпреварот „моето прво мини видео“ е појдовна точка од која младата генерација може да ги изрази размислувања и да започне нови идеи и иницијативи во Францускиот институт во Скопје.

Натпреварот беше организиран во соработка со  Регионот Долна Нормандија, Метаморфозис, Охридска банка - Société Générale, оркестарот F.A.M.E.S.

 

*    *    *

Повеќе за организацијата на натпреварот можете да прочитате подолу:

 

Натпревар „моето прво мини-видео“ - отворен видео натпревар

Видео-натпреварот, во организација на Францускиот институт во Скопје, е отворен во рамките на Фестивалот на француски филм во Македонија @fff.mk за учесниците од 18 до 28 години.

Кандидатите треба да направат 3-минутно видео со мобилен телефон, на тема слобода на изразување според своето видување и во духот на почит кон другите.

Авторот на награденото видео добива престој во Франција. 

Тематски пристап
Овој натпревар има за цел да ја подигне свеста на јавноста околу слободата на изразување.
Слободата на изразување е апсолутен принцип во Франција и во Европа и е содржан во неколку основни текстови.
„Слободното изразување на идеи и на мислење е едно од основните права на човекот: секој граѓанин може да говори, пишува и печати слободно, освен злоупотреба на оваа слобода во случаите утврдени со закон" со член 11 од Декларацијата за човекови права од 1789 година.
Сепак, слободата на изразување не е ниту тотална, ниту пак неограничена, и таа се регулира со закон.
Главните ограничувања на слободата на изразување во Франција спаѓаат во две категории: за клевета и навреда, од една страна, и за поттикнување омраза, кои се сметаат како злосторство против човештвото, анти-семитски, расистички или хомофобични други.

Токму отворањето на овој видео-натпревар на тема слобода на изразување е и гест на демократијата.
Оваа тема, пак, спаѓа во една од главните француски тематики и влогови во францускиот јазик, а зборот „слобода“ (на изразувањето) е избран од страна на повеќе од 100.000 корисници на интернет токму за збор на 2015 година (2015/05/22).

Услови за учество:

  • индивидуално учество
  • за лица на возраст од 18 до 28 години
  • 3-минути видео снимено со мобилен телефон
  • тема: слобода на изразување
  • кандидатите треба да пополнат формулар за учество, кој ќе го испратат на culture@ifs.mk најдоцна до 15 јуни 2015 година, а видеотот треба да го постават на сајтот Youtube (опција приватно).


Селекција
Филмовите ќе се прикажат во рамките на отворената средба на 19 јуни од 10:00 до 12:00 часот во Францускиот институт во Скопје. Кандидатите ќе ги прикажат своите видеа и ќе проговорат накусо за истите.
Присутните ќе гласаат согласно критериумите на оригиналност, квалитет и релевантност на темата на натпреварот.

Изборот на филмови во конкуренција ќе биде обезбеден од страна на жири комисијата составена од претставници на Францускиот институт во Скопје, од Канцеларијата за соработка со Долна Нормандија, од асоцијацијата Метаморфозис и претставник од професионалните медиуми.

Клучни дати:
23 мај 2015: отворање на натпреварот и регистрација.
15 јуни 2015: краен рок за испраќање на филмовите.
19 јуни 2015 (10ч00-12ч00): избор на публиката.
19 јуни 2015 (од 12ч00 до 15ч00): избор на жири комисијата.
19 јуни 2010 (20ч00) награди вечер и прикажување напобедничкотот видео во рамките на français@fff.mk

Погледнете го Правилникот на натпреварот.