следете ги нашите активности на mail

site map

Култура

ОТВОРАЊЕ НА ФРАНЦУСКИОТ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ FFFMK 10 ВО СКОПЈЕ

„10 ГОДИНИ ФРАНЦУСКИ ФИЛМ ВО МАКЕДОНИЈА“

Среда 14 јуни 2017, 20:30 ч. | Кино „Милениум“

 

„Десет години француски филм во Македонија“ е мото и повод за почетокот на едно јубилејно филмско издание, коешто ќе патува низ повеќе градови во земјава, со поддршката на партнерите на фестивалот: Охридска банка - Société générale, TV5 Monde, Euroimpex PeugeotМладински културен центарПублицис и Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА Скопје.

Отворање на фестивалот со проекцијата на филмот за животот на најпознатиот француски џез музичар Џанго Ренар:

МУЗИКАТА НА ЏАНГО (2017, 1ч.55)
на Етјен Комар, со Реда Катеб, Сесил де Франс, Беата Палја 

Филмот го отвори Берлинскиот филмски фестивал 2017 со осум номинации. 

Во 1943 година, за време на германската окупација, Џанго Ренар, ромската звезда на гитара, го достигнува врвот во својата уметност. Секоја вечер, тој настапува и ги забавува гостите во познатиот париски театар Фоли Бержер, додека во Европа неговите браќа се протерувани и убивани. Кога треба да замине во Берлин за да реализира серија концерти со помош на реклама од германската страна, тој ја насетува опасноста и одлучува да избега во Швајцарија со помош на една од неговите обожавателки Луиз де Клерк. Најпрво заминува во Тонон-ле-Бен, на брегот на езерото Леман, со неговата бремена жена Нагин и мајка му Негрос. Но, бегството излегува посложено одошто предвиденото, та виорот на војната ги зафаќа Џанго и неговите блиски. За време на овој драматичен период, тој продолжува да биде извонреден музичар, којшто, со помош на музиката и хуморот, и’ се спротиставува на војната и трага по совршенството во музиката...

Со превод на македонски јазик.

Бесплатни билети за проекцијата се резревираат и се подигнуваат во Францускиот институт во Скопје :
- преку електронска пошта: culture@ifs.mk или 
- на следните телефонски броеви: (02) 3118 503 или 3116 734.

Критики:

Ле Паризјен
Благодарение на огромната подготовка за филмот, Реда Катеб го отсликува ликот на ромскиот принц во сета негова големина и со сите парадокси. Сесил де Франс е икона на 50-тите години. Филмот е полн со неочекувани пресврти, а споредните улоги се одлично изведени. Сите овие елементи се во совршена хармонија.

Л’Иманите
Преку извонредното отелотворение на ликот на Џанго Ренар од страна на Реда Катеб, филмот на Етјен Комар раскажува за трагедијата на Ромите за време на Втората светска војна.

Ла Вуа ди Нор
Зад овој портрет стои еден сериозен режисер којшто е свесен за одговорноста којашто му се налага. Низ ставовите кои се етички и зрело промислени, Етјен Комар успева да се наметне.

Уест Франс
Реда Катеб - неповторлив!