следете ги нашите активности на mail

site map

Култура

FFFMK 10 ВО ВЕЛЕС

Во соработка со Општина Велес и со поддршка на партнерите на фестивалот: Охридска банка - Société générale, TV5 Monde, Euroimpex PeugeotМладински културен центарПублицис и Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА Скопје.

Филмовите се со превод на македонски јазик.

Отворање
Петок 16 јуни 2017, 19:30 ч. | Театар „Јордан Хаџи-Константинов Џинот“ во Велес

“Семејството Белие" (2014, 1ч. 46)

на Ерик Лартиго, со Луан Емера и Карин Вијар  

Во семејството Белие сите се глуви, освен шеснаесетгодишната Пола. Таа им е потребна на нејзините родители за да им преведува во секојдневието, а најмногу при работата на семејната фарма. Еден ден, професорот по музика во неа ќе го открие талентот за пеење и, благодарение на неговата поддршка, таа решава да се подготви за натпреварот на Радио Франс. Се работи за животен избор, којшто би ја оддалечил од семејството, но значи и неизбежен премин кон зрелоста.

___________________________________

Сабота 17 јуни 2017, 20:00 ч. | Театар „Јордан Хаџи-Константинов Џинот“ во Велес

"Човекот што многу го сакаа" (2014, 1ч. 56)

на Андре Тешине, со Гијом Кане, Катрин Денев, Адел Енел

Во 1976 год., по неуспешниот брак, Ањес Ле Ру се враќа од Африка кај мајка си Рене, којашто е сопственичка на казиното Медитеранска Палата во Ница. Младата жена ќе се вљуби во десет години постариот Морис Ањеле, адвокат и близок пријател на Рене. Додека Морис одржува врски со други жени, Ањес е страсно вљубена во него. Како акционерка на казиното, таа сака да го продаде семејното наследство за да се осамостои. Една наместена игра ќе ја испразни касата на казиното, а ќе започнат и закани за Рене од страна на мафијата, особено од Фратони, сопственик на конкурентско казино, кој сака да ја преземе Медитеранска Палата. Морис ќе ја запознае Ањес со Фратони, којшто и’ нуди три милиони фрнаци за да гласа против мајка и’. Ањес прифаќа, Рене го губи казиното. Ањес тешко го доживува сопственото предавство кон мајка си, а Морис се оддалечува од нејзе. По еден неуспешен обид за самоубиство, на Духовден 1977 година, таа исчезнува. Нејзиното тело никогаш нема да биде пронајдено. Триесет години подоцна, Морис Ањеле останува вечниот осомничен на ова злосторство без докази, ни труп. Рене е убедена во неговата вина и се бори да биде казнет...

___________________________________

Недела 18 јуни 2017, 20:00 ч. | Театар „Јордан Хаџи-Константинов Џинот“ во Велес

"Принцезата од Монпансје" (2010, 2ч. 19)

на Бертран Таверние, со Мелани Тјери, Ламбер Вилсон, Грегоар Лепренс-Ренге

Во 1562 година, додека Шарл IX владее со Франција, религиозните војни ја пустошат земјата…
Мари де Мезјер уште од рана возраст е вљубена во Анри, Војводата од Гиз. Taa е принудена од татка си да се омажи за Принцот од Монпансје. Нејзиниот сопруг, којшто на повик на Шарл IX заминува во војна против протестантите, ја остава далеку од сите, во замокот Шампињи, со неговиот подучувач Грофот Шабан. Таа попусто се обидува да ја заборави љубовта кон Гиз, станувајќи притоа заложничка на ривалските и насилнички страсти, во кои се вплеткува и идниот крал Анри III, тогашен гроф од Анжу.