следете ги нашите активности на mail

site map

Култура

Прослава на Европскиот ден на јазиците

 

Понеделник 25 септември 2017, 19:00 ч. | Француски институт во Скопје

Книжевна промоција на монографијата:
"Францускиот јазик во Република Македонија низ образовните и културните активности“

Авторки: проф. д-р Ирина Бабамова и проф. д-р Снежана Петрова, професорки на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.

Книгата е издадена од страна на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Обраќања на: Н.Е. г-дин Кристијан Тимоние, Амбасадор на Франција, и проф. д-р Анета Дучевска, Декан на Филолошкиот факултет “Блаже Конески“ во Скопје.
Настанот со организира во соработка со Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“.


Вторник 26 септември 2017, 12:00 - 16:00 ч. | Трговски центар „Рамстор“

ПРОСЛАВА НА ЕВРОПСКИОТ ДЕН НА ЈАЗИЦИТЕ

12:00 ч. - Отворање на манифестацијата од страна на:

  • Н.Е. Самуел Жбогар, Шеф на Делегацијата на Европската Унија; и 
  • Доделување на наградата за млади преведувачи Вавилон.

12:30 - 16:00 - Презентација на книги од книжевниот фонд на Францускиот институт во Скопје, Институтот „Данте Алигиери“, Гете-институтот Скопје, Делегацијата на Европската унија, Народната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје и Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ - Скопје.

13:00 - 14:30 ч. - Работилници за деца и младинци на француски, италијански и германски јазик.


Парнери на прославата се: Гете-Институт Скопје, Делегацијата на Европската унијаИнститутот Данте Алигиери, трговскиот центар Рамстор, Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје и Градска библиотека „Браќа Миладиновци“

*   *   *

Погледнете го повикот за педагошки проекти за училишните и образовните установи во Македонија во рамките на прославата на Европскиот ден на јазиците.