следете ги нашите активности на mail

site map

Култура

FFFMK 10 ВО БИТОЛА

14 - 15 септември 2017

Во соработка со Француската алијанса во Битола и Центарот за култура во Битола, како и со поддршка на партнерите на фестивалот: Охридска банка - Société généraleTV5 MondeEuroimpex PeugeotМладински културен центарПублицис и Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА Скопје.

Филмовите се со превод на македонски јазик.

Отворање на Фестивалот
Четврток 14 септември 2017 | Центар за култура во Битола

20:00 ч. - “Не е мој тип" (2014, 1h51)

на Лука Белво, со Емили Дикен, Лоик Корбери, Сандра Нкак 

Клеман е млад професор по филозофија, којшто од Париз е префрлен да предава една година во Арас. Далеку од Париз и неговата светлина, Клеман не знае што да прави со слободното време. Така, тој ја среќава убавата фризерка Женифер, којашто ќе му стане љубовница. Ако животот на Клеман е во исполнет со текстовите на Кант или Пруст, Женифер е посветена на лесната белетристика, читање „жолт печат“ и караоке вечери со другарките. Телата и срцата им се слободни за да одживеат една голема љубов, но ќе успеат ли да ги премостат социјалните и културните разлики?

22:00 ч. - “Случајот СК-1“ (2015, 2ч.00)
на Фредерик Телие, со Рафаел Персоназ и Натали Бај

Париз, 1991 година. Франк Мањ е млад инспектор, кој ја започнува кариерата во полиција, во криминалното одделение. Неговата прва истрага е по убиецот на млада девојка. Истрагата трае 8 години, којашто тој посветено ќе ја продолжи, иако никој не верува во конечниот исход. Во текот на цела деценија бројот на жртви се зголемува, трагите постепено се губат, а свирепите убиства не престануваат. Франк е решен да го запре чудовиштето... 
Филмот е снимен според вистинит настан.

 

Петок 15 септември 2017 | Центар за култура во Битола

18 ч. - „Убавка и Себастијен“ (2013, 1ч. 44)

на Никола Вание, со Феликс Босие и Чеки Карјо

Сè се одвива на височините на Алпите, онаму каде планинските врвови ги допираат облаците. 
Се случува средба помеѓу едно осамено дете и диво куче. Се случува авантура и силно пријателство. 
Филмот е емотивна приказна за снаодливо дете среде Втората светска војна. Тој е одисеја за едно момче во потрага по мајка си, за еден старец во потрага по своето минато, за војник во потрага по љубовта, за млада жена во потрага по авантури, за еден германски поручник во потрага по прошка.

20:00 ч. - “Семејството Белие“ (2014, 1ч.46)

на Ерик Лартиго, со Луан Емера и Карин Вијар

Во семејството Белие сите се глуви, освен шеснаесетгодишната Пола. Таа им е потребна на нејзините родители за да им преведува во секојдневието, а најмногу при работата на семејната фарма. Еден ден, професорот по музика во неа ќе го открие талентот за пеење и, благодарение на неговата поддршка, таа решава да се подготви за натпреварот на Радио Франс. Се работи за животен избор, којшто би ја оддалечил од семејството, но значи и неизбежен премин кон зрелоста.