следете ги нашите активности на mail

site map

Култура

FFFMK 10 ВО ТЕТОВО

20 - 21 септември 2017

Во соработка со Француската алијанса во Тетово и Државниот универзитет во Тетово и со поддршка на партнерите на фестивалот: Охридска банка - Société généraleTV5 MondeEuroimpex PeugeotМладински културен центарПублицис и Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА Скопје.

Филмовите се со превод на македонски и на албански јазик.

Отворање
Среда 20 септември 2017, 19:30 ч. | Центар за култура во Тетово

“Семејството Белие" (2014, 1ч. 46)

на Ерик Лартиго, со Луан Емера и Карин Вијар  

Во семејството Белие сите се глуви, освен шеснаесетгодишната Пола. Таа им е потребна на нејзините родители за да им преведува во секојдневието, а најмногу при работата на семејната фарма. Еден ден, професорот по музика во неа ќе го открие талентот за пеење и, благодарение на неговата поддршка, таа решава да се подготви за натпреварот на Радио Франс. Се работи за животен избор, којшто би ја оддалечил од семејството, но значи и неизбежен премин кон зрелоста.

Четврток 21 септември 2017, 20:00 ч. | Центар за култура во Тетово

„Жапелу“ (2013, 2ч. 15)
на Кристијан Диге, со Гијом Кане и Марина Андс

На почетокот на 80-тите години, Пјер Диран се откажува од успешна адвокатска кариера и и’ се посветува на неговата пасија: трка со коњи. Поддржан од татка си, Пјер вложува во младиот коњ Жапелу, во кого речиси никој не верува. Од трка во трка, дуото напредува и станува влијателно во светот на овој спорт. 
Но, на Олимписките игри во Лос Анџелес доживуваат голем неуспех и тогаш Пјер станува свесен за слобостите на неговиот коњ...