следете ги нашите активности на mail

site map

Култура

Одбележување на Елисејскиот договор
со проекција на филмот

„Транзит“

Вторник 22 јануари 2019, 19 часот
Кино-сала на асоцијацијата „Лоја“ во Тетово


Француско-германската спогодба, наречена Елисејски договор, е билатерален договор помеѓу Федерална Република Германија и Француската Република, потпишан во Елисејската палата на 22 јануари 1963 год., од страна на германскиот премиер Конрад Аденауер и францускиот претседател Шарл де Гол.

Овој договор подразбираше воспоставување на релации на пријателство и доверба помеѓу двете земји, како и развој на бројни соработки во најразлични домени. Со овој договор се втемели француско-германското пријателство. 


„Транзит“ 
на Кристијан Петзолд (2018)

француско-германска копродукција, со Жан-Пјер Дарусен, Пола Бер и Франц Роговски

Дејството се случува во денешно време, во Марсеј, кога бегалци сонуваат да отпловат за Америка, сакајќи да ја избегнат фашистичката окупација. Меѓу нив, Германецот Георг го зема идентитетот на писателот Видел, којшто се самоубива бегајќи му на  непријателот. Тој ја користи визата за да стигне во Мексико. Сè 'ќе се промени кога Георг ќе се вљуби во таинствената Мари, која, пак, очајнички е во потрага по човекот што го сака и без кого не сака да замине...