следете ги нашите активности на mail

site map

Култура

Партнерство на Амбасадата на Франција со македонското граѓанско општество

Соочени со големите предизвици на современиот свет, Македонија и Франција споделуваат заеднички европски вредности, имено, почитување на човековото достоинство, слобода, демократија, еднаквост, владеење на правото, почитување на човековите права, вклучувајќи ги и правата на припадниците на малцинствата.
Вредности кои исто така ги промовира Франкофонијата, чиишто членки се и двете земји.

Како дел од соработката со Македонија, Француската Амбасада во Скопје предлага партнерство со граѓанското општество со цел да поддржат проекти кои ќе овозможат промовирање на вредности и влогови преку конкретни активности.

За 2018 година, потребно е проектите да припаѓаат на една од следниве четири области :

• Промоција и заштита на човековите права :
• Млади и поддршка на проекти од здруженија на млади
• Спорт
• Животна средина


За сите дополнителни информации врзани за доставување на проектите, ве молиме следете го следниот линк:
https://mk.ambafrance.org/Partnerstvo-so-makedonskoto-grag-ansko-opshtestvo-2017-g