следете ги нашите активности на mail

site map

Култура

Отворање на колективната изложба „Сè што ни е заедничко“ 
 
Дела на уметникот Анри Сала 


Среда 18 април 2018, 20 часот
Музеј на современата уметност во Скопје


Куратори на проектот: Мира Гаќина и Јованка Попова

Учесници: Ана Адамовиќ (Србија), Маја Бајевиќ (Босна и Херцеговина), Жанета Вангели (Македонија), Велимир Жерновски (Македонија), Христина Иваноска (Македонија), Славица Јанешлиева (Македонија), Ѓорѓе Јовановиќ (Македонија), Шејла Камериќ (Босна и Херцеговинa), Албан Муја (Косово), Ахмет Огут (Турција), Мариа Пападимитриу (Грција), Рената Пољак (Хрватска), Анри Сала (Албанија/Франција), Флака Халити (Косово), Ибро Хасановиќ (Босна и Херцеговина), Иштван Ист Хузјан (Словенија), Јане Чаловски (Македонија), Билјана Џурџевиќ (Србија).

*     *     *     *


Анри Сала е роден во Тирана, Албанија. Откако ги завршува студиите на Националната уметничка академија (1992-1996), уметникот заминува во Франција, каде се запишува на Високата национална Школа за декоративни Уметности во Париз (1996-1998), и студиото Le Fresnoy, во Туркоен (1998-2000). Активен е на меѓународен план веќе петнаесетина години, а делата му беа изложени на многубројни биеналиња, како во оние во Берлин (2001, 2006), Москва (2007), Сан Паоло (2002, 2010), Сиднеј (2006) и Венеција (1999, 2001, 2003).

Има реализирано бројни индивидуални изложби: Кунстале Виен (2003), во Музејот на модерната уметност на Париз (2004), во Музејот на современата уметност во Мајами и во Музејот на современата уметност во Синсинати (2008-2009). 

Неговите дела се дел од престижни колекции, како оние во Интитутот за уметност во Чикаго, во Минхен, во Музејот за современа уметност во Њујорк MoMA, во Центарот Жорж Помпиду во Париз и во MUSAC, во Леон. Сала живее и работи во Берлин.

*   *   *  

Изложбата ја организира Музејот на современата уметност во Скопје.

Линк кон настанот на Facebook.