следете ги нашите активности на mail

site map

Култура

Француска вечер во рамките на Фестивалот Охридско лето
Концерт /Пијано четири раце Мишел и Никола Бурдонкл 

Четврток 26 јули 2018, 21 часот
Црква „Свети Софија“ во Охрид


Мишел Бурдонкл е пијанист и педагог со богата меѓународна концертна кариера на бројните меѓународни сцени, почнувајќи од настапите на „Карнеги Хол“ во Њујорк до оние во Големата Палата во Шангај. 

Во 1993 година, во Екс-ан-Прованс, го основа познатиот фестивал „Ноќи на пијано“, а денес е негов уметнички директор. 
Кога свири на пијано, Мишел Бурдонкл изразува силна енергија, којашто му овозможува да го истакне драматичниот интензитет и поетската димензија на делата што ги изведува. Бирдонкле во делото внесува моќна автентичност, изразена низ изведбата на музичките ноти, мелодијата и интензитетот на ританот.  

Во рамките на Охридско лето, тој ексклузивно ќе настапи со неговиот син, Никола Бурдонкл, којшто е на почетокот на една убава пијанистичка кариера.

Не пропуштајте го овој настан !