следете ги нашите активности на mail

site map

Култура

Француски кино-клуб: Циклус современ француски филм

„Како вистински момчиња“ 

на Жилиен Алар (2018), со Макс Бублил, Ванеса Гиг и Солен Рого

Петок 22 февруари 2019, 21 часот | Кинотека на Македонија

Ренс, 1969 година. Пол Кутар, непоправлив заводник и спортски новинар во дневниот весник Л Шампеноа, одлучува да организира фудбалски меч во женска конкуренција за да го предизвика директорот за време на годишната забава за вработените во весникот. Неговата најголема непријателка и секретарка на управникот, Емануела Бруно, е принудена да му помогне. Без да знаат, двајцата ќе учествуваат во создавањето на првиот женски репрезентативен фудбалски тим на Франција. 

Не пропуштајте ја оваа одлична комедија! 

Со титл на македонски јазик.

Резервирајте и подигнете билети во Кинотеката на Македонија, на следните телефонски броеви: (02) 30 71 814, 30 65 968.