следете ги нашите активности на mail

site map

Култура

ПРАЗНИК НА ФРАНКОФОНИЈАТА ВО ПРИЛЕП

Омаж на Никола Бувие

По повод месецот на Франкофонијата, Амбасадата на Швајцарија и Францускиот институт во Скопје, со поддршка на Општина Прилеп, „Кули Конфекција“ и „Витаминка“, организираат манифестација во чест на Никола Бувие во Прилеп, каде што авторот престојувал неколку недели на почетокот на 50-те години.

ПРОГРАМА

Вторник 19 март 2019, 12 часот | НУЦК „Марко Цепенков“
Проекција на документарниот филм „ВРАЌАЊЕТО НА БУВИЕ“
на Јордан Плевнеш и Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА Скопје (2010) за учениците од гимназијата „Мирче Ацев“

Вторник 19 март 2019 | НУЦК „Марко Цепенков“
СВЕЧЕНО ОТВОРАЊЕ

18 часот | Kино-сала
Проекција на документарниот филм „БУВОТ И КИТОТ“
на Патрисија Платнер (1993) и обраќање на Јордан Плевнеш, писател и драматург, за пријателството со Бувие

19 часот | Галерија
Изложба на Никола Бувие „ПАТУВАЊА ВО СЛИКИ“
По овој повод, Библиотеката од Женева отстапува фотографии и други документи за овој значаен патописец.

Изложба на творби изработени од учениците од гимназијата „Мирче Ацев“ на тема патувања.

Коктел