следете ги нашите активности на mail

site map

Култура

ТАНЦ-ФЕСТ 

Мастер клас и работилница со Дидие Дешан, кореограф и директор на Театарот Шајо

Сабота 6 април 2019, 11 часот | Културен центар „Интертарт“

Дидие Дешан ќе одржи работилница за млади танчери во Културниот центар "Интертарт" во рамките на неговиот кус престој во Северна Македонија.

*    *    *    *


Дидие Дешан е француски танчер, кореограф и педагог, роден во 1954 година во Лион. Функцијата директор на Националниот кореографски центар - Балет на рагионот Лорен во Нанси ја извршува до јули 2011 година, а денес е директор Националниот танцов театар Шајо.

Тој следел часови по танц во Лион особено кај Мишел Але Егајан, а потоа продолжува во Париз, на Меѓународниот центар за танц. Потоа, студира во Њујорк, во студиото на Мерс Канингам. Дешан најпрво настапува за национални и меѓународни институтции, како што се Regine Chopinot или Балет и Опера на град Лион, потоа за Хавајскиот танцов театар.

Во 1990 година, преминува во француската администрација. Назначен е за генерален танцов инспектор од тогашниот министер за култура Жак Ланг во 1992 година, а потоа и советник за танц од страна на Доминик Волон.
Во јули 2011 година, тој е назначен за директор на Национален театар Шајо.

Во 2018 година, тој ја добива наградата „Менада“ и стана почесен доктор Honoris Causa на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА во Скопје.