следете ги нашите активности на mail

site map

Култура

Научна конференција по повод стогодишнината од Версајскиот договор
„Границите во мировните договори - размена на гледишта помеѓу историчари и правници“

Четврток 16 мај 2019, 10 часот | НУ Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Битола

*    *    *    * 

Преземете ја целосната програма на научната конференција

 

На 28 јуни 1919 година, точно пет години по нападот во Сараево и веднаш по завршувањето на Првата светска војна, во Версај беше потпишан договор помеѓу Германија и Сојузничките сили. Овој договор ќе има големо влијание врз општеството во повоениот период. Конференцијата има за цел да истражи повеќе аспекти поврзани со овој договор.

На 16 мај 2019, четврток, Амбасадата на Франција и Францускиот институт во Скопје, во соработка со Правниот факултет во Битола при Универзитетот „Свети Климент Охридски“ - Битола, Канцеларијата за соработка со регионот Нормандија - АЛДА и Амбасадата на Германија, организираа голема научна конференција во НУ Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“ на тема сто години Версајски договор.

Семинарот официјално го отворија Амбасадорот на Франција, Н.Е. г-дин Кристијан Тимоние, и г-дин Сашо Коруноски, Ректор на Универзитетот во Битола, а на истиот учество зедоа експерти од Франција, Германија и од регионот (Северна Македонија, Албанија и Србија).

Бројната публика со интерес ги проследи излагањата на панелистите кои говореа за последиците од Версајскиот договор врз денешна Европа, за различните негови акспекти, како што се исцртувањето на границите, а со посебен акцент на земјите од регионот.

Учество зедоа и учениците од двојазичните паралелки од гимназијата „Јосип Броз Тито“ од Битола, чии изработки на тема Прва Светска војна беа изложени во салата во присуство на бројни медиуми.

Излагачите беа експерти и интелектуалци од Франција, земјава и регионот.

Галерија со фотографии од настанот.