следете ги нашите активности на mail

site map

Култура

Изложба на Пол Гунон
„...по која цена?“

Отворање:
Петок 13 септември 2019, 19 часот | Галерија „Акантус“

Затворање:
Петок 27 септември 2019, 18:30 часот | Галерија „Акантус“

Пол Гунон е млад француски уметник, којшто, на покана на галеријата „Акантус“, престојува во Скопје од 13 август до 15 септември, како дел од Европската програма за мобилност И-Портунис.

Уметничките креации на Пол Гунон се наоѓаат некаде помеѓу историјата како инспирација и раскажувањето приказни.
Низ археолошкиот пристап или системските репрезентации, начинот на изработка на скулпури на овој уметник бара едно поинакво восприемање на вредноста на квалитетот на предметите и материјалите: тој изработува имитации на антички скулптури со намена да се украсат влезни градини, од остатоци на улица, парчиња сурова глина... Поставувајќи ги сите овие елементи во една историска микрофикција, Гунон ја преиспитува веродостојноста на знаењето и постоечката вредност помеѓу она што е прифатено како точно или неточно. 

За време на престојот, Гунон ќе работи на изработка на скулптури, фото-монтажа и видео инсталација на тема Скопје, како и други дела кои ќе бидат можете да ги погледнете на изложбата во галеријата „Акантус“.

Линк кон вечерта од отворањето на изложбата.