следете ги нашите активности на mail

site map

Култура

Џез концерт на триото на Седрик Анрио

Седрик Анрио - пијано, синтисајзери
Ели-Мартин Шариер - тапани
Бертран Беријар - бас-гитара

Сабота 28 септември 2019, 21 часот | Public room

 

Седрик Анрио е француски пијанист, композитор, аранжер, музички продуцент и педагог, којшто работи на проекти со кои освоил Греми награди.

Свири пијано, клавијатури, синтисајзер и компонира електронска музика. Го интересира џез музиката, хип-хоп, фанк, поп и електронска музика.

Има освоено повеќе награди:
- добитник е на Греми награда за најдобар албум и вокал во 2015 година ; работел и на 8 наслови на албумот на Дијана Ривс « Beautiful Life »,
- добитник е на престижната американска стипендија Фулбрајт за музички студии на Беркли Колеџот во Бостон,
– добитник е наградата French American Jazz Exchange ; се работи за француско-американска стипендија на Bureau Export Français и на Mid Atlantic Arts Foundation за неговиот проект City of Poets-Hyperion, којшто се основа на соработката со Оливје Месијан и американскиот писател Ден Симонс, како и со американскиот трубач Џејсон Палмер и саксафонистот Дони МекКалин (којшто е познат по неговата соработка со Дејвид Боуви).

Има одржано многу концерт низ Франција, САД, канада и Азија, Во Скопје, Анрио ќе го претстави најновиот албум « Cross over jazz ».

Не пропуштајте ја оваа музичка вечер!