следете ги нашите активности на mail

site map

Култура

Затворање на Фестивалот на европски креативен филм „Синедејс“,
во организација на Младинскиот културен центар во Скопје,
со премиера на филмот

„Зад хоризонтот“ 
од Делфин Лерике (2019), со Лик Брише и Летисија Каста

Петок 15 ноември 2019, 20 часот | Кино „Милениум“ - Скопје


Во присуство на режисерката Делфина Лерике. Филмот е француско-македонска копродукција, на македонската продуцентска куќа „Кино око“.

1976 година, суша. Гис го остава детството зад себе под немилосрдното летно сонце. Природата се менува, чувствата се мешаат, семејното јадро се распаѓа и се случуваат нешта кои никој не би ги замислил. Невремето ќе го уништат веќе измаченото село, а ќе ги изтера и селаните од него. 

*     *     *

Во рамките на богатата програма на овогодишното издание на Фестивалот на европски креативен филм „Синедејс“, ќе биде прикажана одлична селекција на француски филмови:

8.11 | 22ч. | Кино Милениум | „МИЛОСТ БОЖЈА“ на Франсоа Озон
9.11 | 17.30 | Кино Милениум |„КУБАНСКА ПЕТОРКА“ на Оливие Асајас
10.11 | 22ч. | Кино Милениум | „ОФИЦЕР И ШПИОН“ на Роман Полански
11.11 | 19ч. | Кино Фросина | „ДУШИЧКА“ на Муниа Медур
11.11 | 20ч. | Кино Милениум | „МЛАДИОТ АХМЕД“ на Жан-Пјер и Лик Дарден
15.11 | 20ч. | Кино Милениум | „ЗАД ХОРИЗОНТОТ“ Делфин Лерике (во нејзино присуство).


Линкј кон веб страната на фестивалот.