следете ги нашите активности на mail

site map

Култура

Ноќ на книгата

Петок 17 јануари 2020 година, 17:00 ч.
Француски институт во Скопје


Манифестацијата Ноќ на книгата се организира на иницијатива на француското Министерство за култура во соработка со разни институции и книжевни актери: библиотеки, книжарници, автори, издавачи, училишта, локални здруженија и сл.

Француските Министерства за образование, за Високо образование, наука и иновации и Министерството за надворешни и европски работиве се, исто така, дел од овој значаен настан, којшто во текот на изминатите три години постојано растеше, на своето трето издание, на 19 јануари 2019, собра 450 000 учесници на 2 500 места низ светот.

Францускиот институт во Скопје се приклучува на четвртото издание на настанот со анимација на тема стрип, којашто ќе ја води нашиот аниматор Бруно Асанте ди Капило.

Дојдете, ќе читаме и ќе се забавуваме!