Изборот на програмата беше направен од страна на поранешниот уредник на „Каје ди Синема“, господинот Жан-Мишел Фродон, и вклучуваше 8 филмови: „Камиј повторува“, „Збогум Берта“, „Алсест на велосипед“, „По мај“, „Ангела и Тони“, „Томбој“, „Во куќата“, „Младешка љубов“, „38 сведоци“ и „Последната изборна кампања“, како и три краткометражни филмови: „Кабар“, „На работ“ и „Светот наопаку“, кои беа претставени во рамките на програмата „Фокус на филмскотот творештво на Долна Нормандија“.
Фестивалот беше домаќин на реномирани француски имиња од светот на филмот: г-ѓа Ноеми Лвовски, режисерка и актерка, и г-ѓа Флоранс Сејвос, сценаристка, кои го претставија нивниот последен филм „Камиј повторува“ на отворањето на фестивалот, г-дин Филип Ле Ге, кој лично го претстави филмот „Алсест на велосипед“, како и г-дин Бернар Стора, кому му беше доделена Почесната награда на фестивалот.
Благодарение на Македонскиот филмски фонд, беше организирана и професионална средба со македонските продуценти. Г-ѓа Натали Стреиф од Францускиот Институт во Париз, ги претстави програмите за помош на светскиот филм пред публика составена од млади македонски режисери.
Фестивалот беше организиран благодарение на повеќе партнери: регионот Долна Нормандија, Министерството за култура на РМ, „Охридска Банка“, маркетинг агенцијата „Публицис“, „Синеплекс“, „Скопје Сити Мол“, „Унифранс филм“, „Стоби“ и „Луминари Медиа“.
Ова шесто издание на фестивалот имаше за цел да ја промовира и да ја претстави француската кинематографија во Македонија и на Балканот, нудејќи избор од најдобрите француски филмови за оваа година. Како што истакна на прес-конференцијата Н.Е. Г-ѓа Лоренс Оер, Амбасадор на Франција, оваа манифестација стана најзначајната француска културна манифестација во регионот.
* * *
ФЕСТИВАЛОТ НА ФРАНЦУСКИ ФИЛМ ВО МЕДИУМИТЕ
* * *
Официјално отворање
Среда 26 јуни 2013
Кино „Синеплекс“ - Скопје Сити Мол
20:00 - Прием на публика и гости.
20:30 - Официјално отворање од страна на Н.Е. г-ѓа Лоранс Оер, Амбасадор на Франција.
Со Ноеми Лвовски, Самир Гезма и Жидит Шемла
Камиј има шеснаесет години кога го запозава Ерик. Лудо се вљубуваат еден во друг и Камиј раѓа ќерка… 25 години подоцна, Ерик ја напушта Камиј поради друга помлада жена.
Вечерта на 31 декември, Камиј се враќа во минатото. Повторно има шеснаесет години, им се враќа на родителите, пријателите, младоста… и на Ерик. Ќе успее ли да ги промени нивните животи? Ќе се вљуби ли повторно во него, знаејќи го крајот на нивната приказна?
Екслузивно, во присуство на режисерката на филмот, Ноеми Лвовски, и Флоранс Сејвос, сценаристка.
* * *
Четврток 27 јуни 2013
11:00 - ЕУ Инфо центар
Претставување на програмите за помош на Светскиот филм од страна на г-ѓа Натали Стреиф од Францускиот институт во Париз, и претставување на културните политики за поддршка на аудиовизуелната дејност, од страна на г-дин Гијом Деланд, Директор на Домот на визуелната уметност во Каен.
Четврток 27 јуни 2013
13:30 - Кафуле „Плеј“ (Скопје Сити Мол)
Средба на гостите со медиумите.
Четврток 27 јуни 2013
15:00 - ЕСРА Скопје
Предавање на г-ѓа Натали Стрејф на тема:
„Поддршка на малите кинематографии“
Четврток 27 јуни 2013, 19 часот
Кино „Синеплекс“ - Скопје Сити Мол
Со Валери Лемерсие, Дени Подалидес, Изабел Канделие
Баба почина. Берта не е повеќе тука. Арман „малку“ ја заборава баба му... Тој е аптекар и работи со жена му Елен во Шату. Во една фиока за лекови, Арман ги крие волшебните алатки бидејќи и приготвува изненадување за ќерката... на неговата љубовница Аликс. А баба? Ќе ја погребуваат или ќе ја кремираат? Која е Берта?
Гостин: Ноеми Лвовски, режисерка.
Четврток 27 јуни 2013, 21 часот
Кино „Синеплекс“ - Скопје Сити Мол
Кога Серж Танер го достигнува врвот на актерската кариера, тој го напушта филмскиот свет. Премногу е лут и уморен од професијата во која се чувствува изневерен. Тој заминува да живее во напуштена куќа на островот Ре... Три години подоцна, на островот пристигнува Готје Валанс, вистинска актерска ѕвезда, за да му предложи улога на Серж во „Мизантроп“ на Молиер. Зарем Серж не е чисто отелотворение на ликот на Алсест?
Гостин: Филип Ле Ге, режисер.
* * *
Петок 28 јуни 2013, 18 часот
Центар за култура „Григор Прличев“ - Охрид
Со Лола Кретон, Клемен Метаје, Феликс Арман, Карол Комб
Во 70-тите години во парискиот регион, младиот студент Жил е зафатен од политичкиот виор на времето. Љубовните средби во уметнички средини ќе ги одведат до Италија, а потоа и во Лондон, а Жил и неговите пријатели ќе мора да направат одлучувачки избори за да го најдат местото во тоа бурно време.
Петок 28 јуни 2013, 20 часот
Центар за култура „Григор Прличев“ - Охрид
„Светот наопаку“ ("Le Monde à l'envers") на Силвен Деклу (2012, 37 мин.)
„На работ“ ("Lisières") на Грегоар Колен (2013, 26 мин.)
„Кабар“ ("Kabar") на Сандрин Поже (2012, 35 мин.)
Гости : Гијом Деланд, Директор на Домот на аудиовизуелна дејност во Каен, и Сандрин Поже, режисерка.
Петок 28 јуни 2013, 22 часотЦентар за култура „Григор Прличев“ - Охрид
Ангела има добра причина да започне нов живот во моментот кога влегува во животот на Тони, рибар во потрага по чувства. Таа е прекрасна девојка која го остава Тони без здив и тој не може да поверува дека таа е тука за него…
* * *
Сабота 29 јуни 2013, 12 часот
Центар за култура „Григор Прличев“ - Охрид
Средба на гостите со медиумите.
Сабота 29 јуни 2013, 18 часот
Центар за култура „Григор Прличев“ - Охрид
Со Зое Еран, Малон Левана, Жан Дисон
Лор има 10 години. Таа е машкуданка и ја лаже Лиза и нејзиното друштво дека е момче. Вистина или предизвик? Предизвик. За време на летото, Лор станува Мишел, момче како и останатите... доволно различно за да го привлече вниманието на Лиза која што се вљубува.
Сабота 29 јуни 2013, 20 часот
Центар за култура „Григор Прличев“ - Охрид
Улоги : Фабрис Ликини, Ернст Умхауер, Кристин Скот Томас
Шеснаесетгодишно момче упаѓа во домот на еден негов соученик и од тоа пишува приказна во наменета за неговиот наставник по француски јазик. Овој талентиран ученик ќе го направи професорот сведок на серија непредвидливи настани.
Сабота 29 јуни 2013, 22:00 часот
Центар за култура „Григор Прличев“ - Охрид
Камиј има 15, а Силиван 19 години. Тие страсно се љубат, но на крајот на летото Силиван заминува. Неколку месеци подоцна, тој престанува да и пишува на Камиј. На пролет таа прави обид за самоубиство. Четири години подоцна, Камиј се посветува на студиите по архитектура и го запознава познатиот архитект Лоренц, во кого се вљубува. Во моментите кога нивната љубовна врска се зајакнува, таа го сретнува Силиван…
Недела 30 јуни 2013, 18 часот
Центар за култура „Григор Прличев“ - Охрид
Со Иван Атал, Софи Кентон, Никол Гарсиа
Враќајќи се од службено патување од Кина, Луиз открива дека нејзината улица била сцена на злостор. Нема сведоци, бидејќи сите спиеле. Така се чини. Нејзиниот сопруг Пјер работел. Така се чини. Полицијата и печатот истражуваат сè до ноќта кога Луиз сонува дека Пјер и зборува во сон.
Официјално затворање и доделување на почесната фестивалска награда
Недела 30 јуни 2013, 20:00 часот
Центар за култура „Григор Прличев“ - Охрид
Бернар Ле Кок, Тјери Фремон, Патрик Брауде
На 15 декември 2011, пред очите на јавноста, пресудата е донесена: Жак Ширак е осуден на казна затвор од две години од страна на Кривичниот суд во Париз. Никогаш во историјата на Републиката, поранешен претседател не претрпел ваков скандал. Ќе биде ли Жак Ширак однесен од виорот на времето?
Во присуство на режисерот на филмот Бернар Стора, и Лени Стора, продуцентка.