следете ги нашите активности на mail

site map

Образование и француски јазик

Летен регионален универзитет во Струга 2018

Континуирана обука 

Овогодишното издание на Летниот регионален универзитет во Струга се рганизира од страна на Францускиот институт во Скопје, Француските институт во Србија и Хрватска и Амбасадите на Франција во Албанија и во Косово и претставува значајна обука  за пфрофесорите по и на француски јазик на Балканот и од Југоисточна Европа.

Главната цел на оваа обука е да се зголеми визибилитетот на францускиот јазик, да се засили неговото место во образовниот ситем на земјите учеснички на обуката и да созададе поврзаност и размени помеѓу професионалците од сите земји. Летниот универзитет во Струга е отворен за сите земји од регионот. 

Оваа година, Летниот универзитет се одржува од 2 до 8 јули 2018 во хотелот „Дрим“.

Сите потребни информации за програмата, како и формуларот за упис се достапни на веб страницата на Летниот регионален универзите во Струга 2018.