следете ги нашите активности на mail

site map

Франкофонија

Франкофонија 2019

Омаж на Никола Бувие, на патoписната книжевност и на патувањата

СКОПЈЕ

КНИЖЕВНО ПРЕДАВАЊЕ
Среда 6 март 2019, 14 часот | Гимназија „Орце Николов“
Средба на авторката и авантуристка Сара Гислер со учениците од двојазичните паралелки во гимназијата „Орце Николов“ во Скопје 

Среда 6 март 2019, 18 часот | Француски институт Скопје
Книжевна средба со Сара Гислер, авторка и авантуристка и промоција на преводот на нејзиниот роман “Малечка“ на македонски јазик. Во присуство на Жана Фам Тран, претставничка на голема француска издавачка куќа Éditions des Équateurs.
„Имав 20 години кога решив да заминам и да си го сменам животот. Ја напуштив работата, го напуштив домот и она што бев дотогаш... Станав номад“, ни вели Сара Гислер, исклучителна швајцарска авторка и патописец. Нејзината книга „Малечка“ постигна голем успех и е преведена на македонски јазик во издание на „Или-Или“.
Повелете на средба со оваа млада талентирана авторка и со Игор Анѓелков од издавачката куќа „Или-или“.
Со консекутивен превод.

ФРАНЦУСКИ ЈАЗИК
Четврток 7 март 2019, 15 часот | Француски институт Скопје

Средба со Гаел Лекок и презентација на тема „Танцот, музиката и францускиот јазик“
Средбата е наменета за професори по француски јазик.
Ве молиме да го резервирате вашето место на: education@ifs.mk

МУЗИЧКА ВЕЧЕР
Петок 8 март 2019, 18 часот | Француски институт во Скопје
Рецитал со традиционални музички инструменти и предавање на авторката Гаел Лекок

Гаел Лекок е млада музичарка која студира македонски јазик на Националниот институт за јазици ИНАЛКО во Париз. Повелете на дружба со оваа вљубеничка на македонските традиционални инструменти посветена на музичката колекција на Никола Бувие и на патувањата.
Со учество на Владимир Мартиновски, професор, поет и музичар.

ПРЕДАВАЊЕ / ИЗЛОЖБА
Петок 22 март 2019, 10 часот | Филолошки факултет - свечена сала
Средба и предавање на тема патеписна книжевност, со учество на еминентни писатели патописци: Жан-Лук Коаталем, новинар и писател и Рони Демаесенер, библиотекар и историчар
„Сегален и Рембо, вкрстени портрети“

Писател и новинар по потекло од Бретања, Жан-Лук Коаталем пишува за различни списанија како Grands Reportages и Géo на тема патувања. Романсиер, новелист и есеист, овој патописец ги има објавено расказите „Мисијата во Парагвај“, во издание на Payot/Voyageurs 1993 и „Патување во Виетнам“, во издание на Le Dilettante 1999, La Table Ronde, Petite Vermillon 2008), комични романи како „Капетан“, во изадание на Flammarion 1991, „Синот на факирот“, во изадние на Grasset 1998, Livre de Poche 2001. Коавтор е на два албума со илустраторот Лустал во Casterman.
Библиотекар и директор на часови по Историја на книгата, Рони Демеснер соработува со неколку списанија (Le Carnet et les Instants, Le Spantole, Inuits dans la jungle, …). Пет години по ред анимира книжевни средби во Bozar. Покрај ова, учествува и во подготовка на Речникот Rimbaud во издание на Laffont (2014).
Со симултан превод.

Во холот на Филолошкиот факултет во Скопје ќе биде отворена изложбата „Патување во слики“ на Никола Бувие.
Во оваа посебна прилика, библиотеката од Женева ги отстапува нејзините фотографии, факсимили како и многу други документи за овој значаен швајцарски писател и патописец.

ФРАНЦУСКА МУЗИКА
Петок 22 март 2019, 21 часот | Младински културен центар – клуб МКЦ
Вечер на француска музика со диџеј Френчи
„Патување низ франкофонската поп музика“
Повелете на вечер на француска музика со Иле од Битола, познат како диџеј Френчи. Дојдете да се забавуваме во ритамот на старите и нови француски шансони!

ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ
Среда 27 март 2019, 12 часот | Кинотека на Македонија
Проекција на документарниот филм „Враќањето на Бувие“ на Јордан Плевнеш и Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА во Скопје (2010)
Во овој документарен филм, еминентниот македонски писател и драматург Јордан Плевнеш, во придужба на Клод Дер Вен, сликар и долгогодишен пријател на Македонија, се упатува кон Женева на средба со славниот писател Никола Бувие и потоа заедно се враќаат во Прилеп. 

Четврток 28 март 2019, 18 часот | Кинотека на Македонија
Проекција на документарниот филм за Никола Бувие „Бувот и китот“ на Патрисија Платнер (1993)
За време на заедничката пријателска соработка со Патриција Платнер, еминентниот писател и фотограф ги открива причините за своето постоење, како и причините поради кои станал писател.
Воведно, ќе има излагање на Седрик Гра, француски патописец, автор на неколку романи помеѓу кои „Силна зима“ (2015, Награда Alphonse de Montherot) и поранешен директор на Француската Алијанса во Доњецк и Нижни Новгород.
Во присуство на Грегоар Леменаже, уредник на културната редакција на списанието Le Nouvel Observateur.

ПРЕДАВАЊЕ
Среда 3 април 2019, 18 часот | Француски институт Скопје
Средба со двајца новинари и патописци Жан-Арно Деренс и Лоран Жеслен
Последната вечер од овогодишната програма за франкофонија ќе им биде посветена на двајцата еминентни познавачи на Балканот и на нивната најнова книга „Таму каде што се мешаат водите / Од Балканот до Кавказ, во гранците на Европа“.
Модератор : Емануел Ешт, новинар, литературен критичар и историчар.

ЈАЗИЧНИ АКТИВНОСТИ : #AteliersBouvier
Едукативно-забавни работилници за млади (12-16 години)

Сабота 2 март 2019: „Книжевно патување“
Вежби и пишување на литературни текстови.

Сабота 9 март 2019: „Архитектонско патување“
Прошетка по најпознатите споменици во Скопје и изработка на цртежи.

Сабота 16 март 2019: „Гастрономско патување“
Посета на ресторани со интернационална кујна, снимање на видео клипови и фотографии.

Сабота 23 март 2019: „Уметничко патување“
Театарска претстава на Водно, снимање кратки филмови и фотографии.

Сабота 30 март 2019: "Спортско патување"
Возење на велосипед или тротинет по кејот Вардар и друштвени игри.

_________________________

ПРИЛЕП

Амбасадата на Швајцарија и Францускиот институт во Скопје организираат голема манифестација во чест на Никола Бувие во Прилеп каде што славниот автор престојувал неколку недели.

КНИЖЕВНА СРЕДБА
Петок 8 март 2019, 12 часот | Гимназија „Мирче Ацев“ - Прилеп

Книжевна средба со Сара Гислер
Средба со млада и талентирана авторка Сара Гислер со учениците од гимназијата „Мирче Ацев“ во Прилеп.

Вторник 19 март 2019, 12 часот | Културен центар„Марко Цепенков“- Прилеп
Проекција на документарниот филм „Враќањето на Бувие“ за Никола Бувие пред учениците од гимназијата „Мирче Ацев“
„Враќањето на Бувие“ на Јордан Плевнеш и Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА во Скопје (2010)
Во овој документарен филм, еминентниот македонски писател и драматург Јордан Плевнеш, во придужба на Клод Дер Вен, сликар и долгогодишен пријател на Македонија, се упатува кон Женева на средба со славниот писател Никола Бувие и потоа заедно се враќаат во Прилеп. 

Вторник 19 март 2019, 18 часот | Културен центар „Марко Цепенков“ - Прилеп – сала за проекции
Воведно обраќање на Јордан Плевнеш, писател, драматург и поранешен амбасадор во врска со неговото пријателство со Никола Бувие.
Проекција на фимот „Бувот и китот“ на Патрисија Платнер (1993)
Разговор одблизу со Никола Бувие чие дејствие се одвива под тотемните симболи на бувот и китот. Овие животни на мистериозен начин се појавуваат во неговите сништа кога му се раѓа првото дете. Бувие го доживува филмот како второ дете и со тоа му дава печат и на лична посветеност. Еминентниот патописец и фотограф соработува со Патрисија Платнер на која ѝ ги открива причините за своето постоење како и причините поради кои станал писател.
Со превод на македонски јазик.

ИЗЛОЖБА
Вторник 19 март 2019, 19 часот | Културен центар „Марко Цепенков“ - Прилеп – сала за изложби
„Патувања во слики“ на Никола Бувие
Во оваа посебна прилика, библиотеката од Женева ги отстапува нејзините фотографии, факсимили како и многу други документи за овој значаен швајцарски писател и патописец.
Презентација на творби изработени од страна на учениците од гимназијата „Мирче Ацев“ од Прилеп.

Со поддршка на Општина Прилеп, на „Витаминка“ и „Кули Комерц“.

_________________________

БИТОЛА

КНИЖЕВНОСТ
Четврток 7 март 2019, 18 часот | Француска алијанса во Битола
Книжевна средба со Сара Гислер
Младата и талентирана авторка Сара Гислер ќе го промовира романот “Малечка“ пред публиката во Битола.

ФРАНЦУСКА МУЗИКА
Сабота 23 март 2019, 20 часот | Кафуле„Порта џез“ – Битола

Вечер на француска музика со диџеј Френчи
„Патување низ франкофонската поп музика“

_________________________

ТЕТОВО

ФРАНЦУСКА МУЗИКА
Петок 29 март 2019, 20 часот (местото дополнително ќе биде утврдено) 
Вечер на француска музика со диџеј Френчи
„Патување низ франкофонската поп музика“

_________________________

ПРОГРАМА НА НАШИТЕ ПАРТНЕРИ

Денови на франкофонијата на Катедрата за романски јазици и книжевности - Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Скопје

Среда 26 март 2018, 10 часот | Библиотека на Катедрата за романски јазици и книжевности
Предавање на Емануел Рембер „Во Лотарингија“
Емануел Рембер, советник за култура и директор на Францускиот институт во Скопје напиша биографија за значајниот белгиски писател и поет Жан-Клод Пирот. Тој ќе одржи предавање за неговата последна книга „Во Лотарингија“, која во моментот се преведува на македонски јазик.