следете ги нашите активности на mail

site map

Часови по француски јазик

Креативни работилници за деца и млади

Креативните работилници, освен што се место за креативно изразување, тие се и можност за употреба или запознавање со францускиот јазик на забавен начин.
Работилниците се отворени една сабота во месецот, за деца со или без познавања од францускиот јазик, за деца од 3 до 10 години.

 

КАЛЕНДАР НА КРЕАТИВНИ РАБОТИЛНИЦИ ЗА ДЕЦА ЗА УЧЕБНАТА 2019/2020 ГОДИНА

11:00 ч. - 12:30 ч. | Мултимедијален центар за настава на Францускиот институт во Скопје (ул. Максим Горки, бр. 18)

Сабота 19 октомври 2019 | ЕСЕНСКА ЗАБАВА
Правиме креативни изработки со есенски плодови.

Сабота 16 ноември 2019 | ИМААТ ЛИ ЧУВСТВАТА БОИ?
Дојдете да истражиме и дознаеме.

Сабота 14 декември 2019 | БОЖИЌ И НОВА ГОДИНА
Новогодишните празници се секогаш одличен момент за подарување. Ќе изработуваме подароци на креативен начин и низ забава!

Сабота 15 февруари 2020 | РАСКАЖИ МИ ПРИКАЗНА...
Ќе раскажуваме, замислуваме, создаваме и заедно ќе патуваме во светот на приказните.

Сабота 14 март 2020 | НАШЕТО ТЕЛО И МАГНЕТИТЕ
Преку примери и слики ја откриваме моќта на магнетите и како тие можат да ни помогнат да се запознаеме деловите на нашето тело.

Сабота 11 април 2020 | ПРОЛЕТНО БУДЕЊЕ
Се забавуваме и создаваме креативни изработки во духот на пролетта.

Сабота 9 мај 2020 | МУЗИЧКИ ИНСТРУМЕНТИ
Креирање на музички инструменти и запознавање со истите на забавен начин.

Уписите се вршат во Францускиот институт во Скопје, а работилниците се одвиваат во Мултимедијалниот центар за настава на Францускиот институт.

Редовна цена: 320 ден. | Цена за ученик во Институтот: 270 ден.