следете ги нашите активности на mail

site map

Новости

Соработка помеѓу францускиот регион Алзас и Македонија

Делегацијата од францускиот регион Алзас реализираше особено успешна посета на градот Скопје со цел да направи промоција на регионот и да ги промовира размените со Македонија.

Официјалната средба, насловена како „Добредојдовте во0 Алзас“, се одржа во хотелот Mariott (чијшто главен готвач е од Алзас).
На средбата присуствуваше дел од екипата на Францускиот институт во Скопје за да воспостават подлабоки врски во универзитетската сфера со овој регион, за подобро интегрирање на Македонците кои се на студии или ќе студираат во Стразбур.

Токму овој град, Стразбур, привлекува голем број млади од Македонија на студии по право, биологија или политички науки.

Високата Школа за администрација - ENAво Стразбур има реализирано обуки за македонски државни службеници.

 

Повеќе информации за соработката Алзас-Македонија.

Интернет страна на соработката Алзас-Македонија.