Повик за кандидатури за волонтери за Олимписките игри во Париз 2024

Jeuxdeparis2024

Повик за кандидатури за волонтери за Олимписките игри во Париз 2024

Со цел да се истакнат различностите и вредностите на Олимписките и Параолимписките игри во Париз 2024 година, Амбасадата на Франција во Скопје во Скопје објавува повик за пред-избор на кандидати волонтери за Игрите во Париз 2024 година.

КОЈ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРА ?

Лица на возраст од 18 и над 18 години, вклучени во спортот или во волонтерскиот сектор, кои живеат во Северна Македонија, се поканети да достават апликација користејќи го приложениот формулар НА ФРАНЦУСКИ ЈАЗИК и НА АНГЛИСКИ ЈАЗИК, НАЈДОЦНА ДО 20 ЈУНИ 2022, на следната мејл адреса: julie.maraval@diplomatie.gouv.fr

Неопходно е познавање на англиски или француски јазик.

КАКВИ СЕ ЗАДАЧИТЕ ?

Волонтерите имаат суштинска улога во успехот на Игрите. Треба да бидат присутни на сите олимписки и параолимписки места на кои ќе се одржуваат натпреварите, а нивниот ентузијазам и различноста се дел од незаборавно искуство за целата публика на Игрите.

Волонтерските мисии се разновидни: присуство на терените за тренинзи и на натпревари како и во олимписките села на спортистите, при транспорт и на трибините, придружување на спортските делегации до местото на тренинзи, учество во подготовката на спортските инфраструктури, пречекување на новинарите, придружување на гледачите до местата за седење. Тие придонесуваат за волшебниот амбиент преку нивниот ентузијазам и помошта што ја нудат.
Волонтерите немаат приход и треба ја почитуваат повелбата на волонтерот.

КАКВА Е ПОСТАПКАТА ?

  • Јуни/јули 2022 година: Француската амбасада ги разгледува поднесените апликации
  • Август 2022 година: локален комитет го врши изборот на кандидатите
  • Септември 2022 година: испраќање на избраните македонски кандидатури до членовите на париската комисија за избор
  • Септември 2022 – јануари 2023 година: поддршка на однапред избраните кандидати за нивната официјална кандидатура како волонтери на Игрите во Париз 2024 година (понудена е помош за административните процедури, приспособување на вредностите на Олимписките игри итн.).
  • Септември 2023 година: официјален избор на волонтери
  • Лето 2024: Игри во Париз 2024 година

Амбасадата и Францускиот институт во Скопје ќе им помогнат на избраните волонтери да се подготват за нивната мисија (на пр. часови по француски јазик и поддршка при изнаоѓање спонзори).