Предности на испитите ДЕЛФ/ДАЛФ

Пристап до француски универзитети
Дипломите ДЕЛФ Б2 и ДАЛФ ви овозможуваат пристап до француските универзитети, како и до голем број на европски и франкофонски универзитети. ДЕЛФ Б2 ослободува од јазичен тест за прием на сите универзитети во Франција, во рамките на процедурата за запишување на високо образование во Франција.

 

Професионален адут
Дипломите ДЕЛФ-ДАЛФ ја збогатуваат професионалната биографија и се дополнителен адут во барањето работа во компании и претпријатија во земји каде се користи францускиот јазик. Во Македонија, во 2016 повеќе од 300 кандидати ги положија испитите ДЕЛФ-ДАЛФ затоа што дипломите се сè повеќе присутни и признати од државните администрации, работодавачите и училишните институции.

 

Адаптирана евалуација
6 дипломи, од ниво А1 до ниво Ц2, според европски норми, дипломите ДЕЛФ-ДАЛФ се независни дипломи: кандидатот може да се пријави и го полага директно испитот на ниво кое го владее. За да се положи испитот потребни се 50% од поените, за 4-те вештини кои се оценуваат. Повисоки поени во една вештина може да компензира пониски поени од друга вештина. Поен понизок од 5 од вкупно 25 е елиминаторен.

 

Светско и меѓународно признание
Овие дипломи се меѓународно признати во 174 земји на 5-те континенти и присутни во повеќе од 1000 овластени испитни центри во светот. Тие овозможуваат да се валоризира, на академски, како и на професионален план, нивото по француски јазик на странците. Сите верзии на ДЕЛФ (општа верзија, јуниор, училишна, Прим и Про) ја имаат истата вредност и предности. Дипломите ДЕЛФ-ДАЛФ се со доживотно значење.

 

Придружете и’ се на франкофонската мрежа, бидете дел од 400 000-те кандидати на светско ниво
Дипломите се ваш пасош за влез во семејството на Франкофонијата, присутна на 5-те континенти и ви овозможуваат пристап до европската мобилност.

delf-dalf