Ноќ на идеите | „Дигитална ера: толку далеку, а толку близу“ – Новите навики по пандемијата | 28.01.2021

Nuit Des Idees 2021 Site2

Ноќ на идеите | „Дигитална ера: толку далеку, а толку близу“ – Новите навики по пандемијата | 28.01.2021

Четврток 28 јануари, 17 часот

ЗА ДА ГО СЛЕДИТЕ НАСТАНОТ, ВЕ МОЛИМЕ РЕГИСТРИРАЈТЕ СЕ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК

Годинава се организира 6-то издание на меѓународната манифестација Ноќ на идеите, чијшто почеток беше на иницијатива на Францускиот институт во Париз.


Шеста година по ред, Францускиот институт во Скопје е дел од овој глобален светски настан.
Годинава настанот ќе се одржи онлајн преку платформата Zoom, во соработка со Акцелераторот УКИМ, со кого, во 2018 година, исто така, беше оставарена успешна соработка и беше одржан одличен настан.

Минатата година, пак, на 28 јануари 2020, се одржа 5-то издание на Ноќта на идеите која ги собра во една вечер културните центри, библиотеките, универзитетите и елитните високообразовни школи, музеите и уметничките центри, кината и културните здруженија на тема „Во центарот на живиот свет“. Манифестацијата се одржа не само во Франција и во светот, туку и во Скопје, и тоа со учество на г-дин Рош Домерего, апитерапевт, а со тоа настанот во Скопје беше дел од 238-те меѓународни настани во 100 земји. Обележја на овој настан беа близу 1000 учесници, како и големемиот интерес на културните орагнизации да бидат дел од истиот, а оттука и самата Ноќ на идеите се наметна како една задолжителна меѓународна активност на француската културна мрежа ширум светот.

Во фокус на изданието во 2021 година ќе биде пандемијата на COVID-19 вирусот.

Во време кога санитарната криза нè принудува да го редефинираме нашиот однос кон животната средина и воедно ги доведува во прашање иднината на економијата во идното општество, Ноќта на идеите нè повикува, повеќе од кога било, на колективна размисла за светот по пандемијата на COVID-19.

Францускиот институт во Скопје ќе се вклучи во оваа меѓународна манифестација со организирање на онлајн дебата на тема новите навики во дигиталниот свет, кои честопати, колку нè доближуваат, толку и нè оддалечуваат.

Учество на овогодишната Ноќ на идеите ќе земат:

Учесници
-> г-дин Оливје Крузе, педагошки директор на француската Школа 42
-> г-дин Филип Петровски, компанија Дата Мастерс
-> проф. д-р Владимир Давчев, професор на Филозофскиот факултет во Скопје
-> г-ѓа Сања Фрковиќ-Гелевска, Делегација на ЕУ

Настанот ќе го отвори г-дин Емануел Рембер, Директор на Францускиот институт во Скопје.

Модератор: г-дин Александар Стамболиев, директор Акцелератор УКИМ

За настанот ќе биде обезбеден симултан превод.

Настанот се организира во соработка со Акцелераторот УКИМ.